Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

1. logo novo png-01-01

Адора инженеринг е најуспешна и најбрзорастечка компанија од градежниот сектор-високата градба во Македонија, основана на 28-ми  август 2002 година од сопственикот и генерален директор проф. д-р. Ванчо Чифлиганец, доктор по геолошки науки, потврден бизнисмен со 25 годишно успешно менаџерско  искуство, врвно стручно знаење и богат општествено-економски ангажман. Адора инженеринг е специјализирана компанија, лиценцирана и меѓународно сертифицирана за проектирање, изведба и продажба на сите категории висока градба. Развивајќи и потврдувајќи се под мотото „Само делата се вистина“, за 14 години овој градежен бренд изгради преку 30 станбено-деловни објекти во Македонија со 2.500 елитни станови во Скопје, Охрид и Струмица, 200 ексклузивни деловни простории, 3.000 модерни паркиралишта, базени и вредни и корисни дела за заедницата.

Целосно во функција на купувачите, Адора инженеринг по принципиот „клуч на рака“, во договорениот рок им нуди СÈ НА ЕДНО МЕСТО: инвестирање, проектирање, изведување, продажба, квалитет, стабилност, енергетска ефикасност, дом по сопствена мерка, заштита на животната средина и општествена одговорност. Компанијата има околу 400 вработени, предводени од високоедуциран и стручен менаџерски тим, вредните градежни работници и потврдените мајстори и искусни неимари-градители.

 Во 14 годишното постоење Адора инженеринг се позиционира на врвнотолидерско место како најуспешна компанија во градежниот сектор-високата градба во Македонија и регионот, најголем инвеститор и градител на станови со удел од 20 % во високоградбата во Македонија. Пет години континуирано, Централниот Регистар на Р. М. ( 2010-2014 ) ја рангира меѓу 5-те најуспешни и најбрзорастечки компании во Македонија. Во 2015-та година компанијата имаше инвестиции од 50 милиони евра и со раст на производството од 400 %, оствари за 4 пати поголема изградба на станови  во однос на просекот од претходните 12 години. Адора инженеринг е прва компанија која во Република Македонија асеизмичата стабилност на станбените објекти научно и практично ја докажа со тест- вештачки земјотрес со Институт за земјотресно инженерство и сеизмологија –  ИЗИИС. Компанијата, пионер во изградбата на еко домовите во регионот, за што има добиено пет национални признанија за заштита на животната средина и е прогласена за најеколошка компанија, го изгради првиот станбен објект во Македонија за кој го доби првиот енергетски пасош А класа со што се потврдија одличните енергетски карактеристики на објектите кои трошат енергија за греење и ладење до 6 пати помалку од порано. Адора инженеринг  што постојано ја унапредува звучната изолација, со повеќеслоен преграден ѕид воведе иновација – звучна изолација со индекс на звучна пропустливост до 63 db, што е за 80% над македонските стандарди. Компанијата ги воведе фотоволтаичните системи на сончева енергија во колективното домување во Македонија и почнувајќи од првиот станбен објект, ја озеленува околината на сите изградени објекти со заштитни еко појаси.

Адора инженеринг има повеќегодишна традиција на општествена одговорност и помагање на заедницата за изградба на похумано, поздраво и посреќно општество со еднакви можности за сите граѓани. Со цел успехот да го сподели со заедницата и да вложува во секоја општина каде гради објекти, компанијата досега ги има донирано православниот храм Свети Јован Крстител во општина Аеродром, Скопје, спомен обележјето за Богојавление-Водици во  Охрид, две саат кули во Ѓорче Петров, Скопје и Струмица, фонтана во паркот во Кисела Вода, Скопје. Преку Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, Адора инженеринг го поддржува развојот и унапредувањето на образованието, науката, спортот, културата, уметноста, организира хуманитарни акции и помага ранливи категории граѓани. Адора инженеирнг која е членка на Глобалниот Договор на ООН, има добиено три меѓународни награди: за квалитет во Париз, Франција, за градежништво во Мадрид, Шпанија, за најуспешна компанија и за најуспешен менаџер во Европа, во Виена, Австрија, како и 20-тина национални награди и признанија.

ул. „Орце Николов“ бр. 182 А,
1000, Скопје, Македонија

+ 389 2 30 93 200
+ 389 2 30 93 201
+ 389 2 30 93 909

info@adora.com.mk

www.adora.com.mk

Работно време:

Понеделник – петок: 08-17:30

Сабота: 08-14:00