Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Брилијант дооел

brilijant

Компанијата Брилијант е основана во 1991 година во приватна сопственост на господин Мите Николов. Производствените капацитети и управната зграда се лоцирани во индустриската зона на градот Штип, којашто има одлична патна и железничка комуникација со преостанатиот дел на државата.
Компанијата функционира во четири сегменти:
– производство на масло за јадење;
– производство на млечни производи и јагнешко месо;
– складиште и терминал за течни горива;
– царински комплекс.

Современата технологија и стручниот тим, полн со ентузијазам, овозможија компанијата Брилијант да прерасне во познат, иновативен и компетитивен субјект во прехранбената индустрија на подрачјето на Р. Македонија и пошироко.

Тимот на Брилијант го сочинуваат повеќе од 10 инженери од различни струки, економисти, правници, агрономи, ветеринари (ФИЛ) и голем процент на висококвалификувани работници во производствениот оддел.
Успешноста во организациона смисла го потврдува ISO 9001:2000 сертификатот, издаден од BSI од Лондон, 2001 год. под бр. FM 65988, како и сертификатот за чисто производство HACCP.

Континуираното вложување во новите технологии и во стручното дообразување на кадрите го трасираат прогресот на Брилијант кон остварување на развојните идеи, насочени кон заокружување на производствената програма (маргарини, сенфови, кечапи, мајонези, преливи, салатни додатоци) како и кон проширување на палетата на млечни производи со топено сирење, специјални кашкавали, павлака и сл.

Никакви компромиси кога станува збор за квалитетот на своите продукти и апсолутното внимание за задоволување на потребите на потрошувачите се основните постулати на работење на компанијата Брилијант.

Контакт информации

Брилијант ДООЕЛ
ул. Брегалничка бб
2000 Штип
Република Македонија

тел.: + 389 (0)32 391 319
факс: + 389 (0)32 397 420
е-маил адреса: info@brilliant.com.mk