Македонско – Бугарската Стопанска Комора е непрофитна стопанска интересна заедница, формирана 2011 година, согласно Законот за стопански Комори.
Главните приоритети на Комората се унапредување на економските релации помеѓу компаниите од двете земји и поврзување на заедичките интереси на своите членови и промовирање и унапредување на бизнисот на компаниите.
Комората брои околу 100 членови, истакнати бизнисмени кои успешно делуваат во различни сектори во двете земји.