Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Јордан Минов

Jordan Minov

Јордан Минов е роден 1973 година во Скопје, Македонија.

Во 1997 година ја започнува својата професионална кариера како соработник за Односи со Јавноста (ПР) и стекнува одлични познавања од областа – комуникологија, посебно во полето на односите со медиумите. Преку тимска работа, вклучен е во планирањето и реализацијата на поголеми проекти за комуникација со јавноста. Во 2000 година ја гради и развива првата македонска агенција за односи со јавност.

Активно работи со голем број македонски и интернационални клиенти во доменот на корпоративно управување, комуникациски менаџмент, односи со медиуми, лобирање и кризна комуникација.

Соработува и со компании кои имаат потреба од влез на нови пазари во Регионот. На таа основа, Минов како регионален менаџер поддржува компании и меѓународни организации во развојот на нивните деловни односи, на локално ниво, што вклучува: истражување на пазарот, административна поддршка, како и стратешко планирање.

Од 2012 година Јордан Минов е основач и извршен директор на АПРА Портер Новелли Македонија, дел од најголемата светска ПР групација – Porter Novelli International.

По вокација е архитект.

LinkedIn: www.linkedin.com/in/jordan-minov-49474554