Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Кирил Лазаров бренд амбасадор на ЕВРОИНС Осигурување

press

Кирил Лазаров е новиот бренд амбасадор на ЕВРОИНС Осигурување. Тригодишното партнерство кое започнува од денес, ќе значи промовирање на брендот на ЕВРОИНС од страна на Г-динот Лазаров. Во следните три години, покрај неговото појавување  во печатените огласувања и видео рекламите, Кирил Лазаров заедно со ЕВРОИНС ќе учествува во реализирање на проектот „Потрага по Одличните 7„ најавен и на вчерашната прес конференција одржана на паркетот во СЦ „Борис Трајковски“.

Ралица Губерова, Извршен Директор на Евроинс изјави: „Квалитет, доверба, одговорност – тоа се причините поради кои го избравме Кирил Лазаров за бренд амбасадор на Евроинс. Лазаров е врвен професионалец, лидер на најуспешната национална селекција во Македонија, човек кој превзема одговорност, колега кој ужива доверба кога е најтешко но и кога треба националниот тим да се потпре на него. Тоа на кратко ќе бидат и карактеристиките на нашиот семеет пакет кој ќе го понудиме во периодот кој следува“.

kiril2

 

Најдобриот македонски спортист за соработката со ЕВРОИНС изјави: „Се надевам дека во следните три години како бренд амбасадор на ЕВРОИНС, компанија со која и имам претходно позитивно искуство, ќе придонесам да луѓето ги препознаат вредностите кои оваа компанија ги поседува. Благодарам на ЕВРОИНС што препозна вистински вредности во мене како професионалец во спортот и пошироко, а во проектот „Потрага по Одличните 7“ ќе се обидам да го пренесам моето огромно искуство и знаење“.

Јанко Николов, Извршен директор на ЕВРОИНС за проектот дополни:  „Активностите кои се предвидени во овој долгогодишен заеднички проект, ќе стартуваат од септември и покрај продолжување на соработката околу ракометниот камп, ќе се состои и од помагање на младите ракометари со стипендии, менторство, едукација и насочување кон вистинските вредности“.

kiril3