Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Кирил Пендев – Претседател на Надзорниот одбор

Кирил Пендев

Кирил Пендев е роден на 27 Септември 1953 година во Благоевград, Република Бугарија. Банкарската кариера ја започнува во 1979 година. Целокупното знаење и искуство кое ги стекнува за временскиот период од 15 години ги инвестира во создавањето на првата мешовита бугарско-македонска деловна банка, Балканска Банка А.Д. Скопје. Во периодот од 1993 до 2004 година, како Прв генерален Директор успешно ја води и менаџера банката низ сите тогаш актуелни процеси и трансформации на деловното работење во Македонија.

Покрај работата во банкарскиот сектор, Пендев е континуирано активен и во одржувањето и развојот на економските односи помеѓу Бугарија и Македонија, на различни нивоа. Несебичен и маркантен е личниот ангажман и придонесот во “економската дипломатија“ на двете држави кои резултираа со формирањето на Македонско – Бугарската Стопанска Комора, во 2010 година.

Моментално Кирил Пендев е Извршен Директор и Член на Управниот Одбор на јапонската Токуда Банка А.Д. Софија.

По образование е економист, Магистер на финансиски науки. Визитинг професор е на Вишата Школа за осигурување и финансии во Софија, Бугарија.