Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Компанија на година

NRConsult 2

На раскошната церемонија во хотел Хилтон,Софија по трет пат беа врачени годишните награди “КОМПАНИЈА НА ГОДИНАТА 2016” .Официјалната церемонија беше иницирана и организирана од единственото од ваков вид информациско издание со бизнис насоченост и дамска публика “Business Lady” и Business Lady Club.

Партнери на наградите беа Бугарската трговско-индустриска комора, Бугарски форум на бизнис лидерите, Бугарски совет за одржлив развој, Северно-бугарска стопанска комора, Италијанска стопанска комора во Бугарија, билатералните трговски комори Бугарија-Романија и Бугарската асоцијација за управување со луѓе.

Вкупно 18 компании, институции и медиуми добија официјално признание за напорите во насока развој на човечкиот капитал; подобрување на квалитетот на предложениот производ или услуга; конкурентност и иновации; одржлив развој; ефикасен и иновативен менаџмент; имплементација на нови технологии; спроведување на успешни бизнис практики; позиционирање на странските пазари; општествена одговорност; позитивен имиџ во јавноста.

Официјални гости на церемонијата беа д.ик.н. Јанка Такева, претседател на Синдикатот на бугарските наставници кон КНСБ која ги врачи наградите на ЕСПА и Алијансата. Цветан Симеонов, претседател на Бугарската трговско-индустриска комора кој ја врачи наградата на ФОКУС, а доц. Д-р Светла Јанчева, заменик-министер за земјоделство и храна ги врачи наградите на ПРЕСТИЖ 96 и бор ЧВОР.

На церемонијата присуствуваше уште Љубомир Ганчев, заменик-министер за економија – тој врачи награди во категориите иновации и економија и менаџмент. Арх. Борислав Игнатов, претседател на Управниот одбор на Комора на архитекти во Бугарија, пак, официјално ги поздрави и награди “АРТЕКС ИНЖЕНЕРИНГ” АД. На овој настан присуствуваа членки компании на Македонско-Бугарската стопанска коморa, Алкалоид и Витаминка.