Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Креирање визија за регионот

DSC_0126

Во рамките на пограничниот проект ‘‘Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘ по програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, на 08 и 09 април 2017 година во Ќустендил, беше одржана втората работилница и работна сесија на која учествуваа текстилни компании-членки на здружението „Браншова организация за текстил и облекло” – Бугарија и текстилните компании – членки на “ТТЗ-Текстилен кластер – Македонија.

Македонско-Бугарската стопанска комора  на покана од Бугарската Трговска Промишлена Палата од Ќустендил присуствуваше на овој дводневен настан.  Работилницата беше на тема “Креирање Визија за регионот”. Предавачи на обуката беа експерти од компанијата УМФ Тренинг.

DSC_0289

Работилницата продолжи со креирање на Регионалната визија за регионот, преку идентификување на мислењата на претставниците на учесниците – текстилните компании од Македонија и Бугарија за моменталната состојба во секторот во пограничниот регион. Се разговараше  за проблемите со кои се соочуваат, како го замислуваат и како сакаат пограничниот регион да биде виден и препознаен од страна на локалната популација, бизнис секторот и националните и интернационалните партнери.

Експертите заедно со учесниците ги издефинираа “Regional points of difference”, точки кои укажуваат на спецификите на регионот со кој тој се разликува од останатите и кои ќе дадат насоки како истиот да се презентира на пазарите.

DSC_0224

На членовите и на оваа работилница им беше презентиран и формираниот Одбор за регионален развој (RDB), составен од претставници од двете здруженија и претставници на текстилните компании од македонска и бугарска страна.

Овој настан беше прилика  да се разменат мислења и искуства со експертите од компанијата УМФ Тренинг и од БТПП за пограничните проекти кој МБСК го доби и на кој треба да работиме.

Претседателот г-дин Зоре Темелковски оствари и работна средба со градоначалникот на Ќустендил, г-дин Петер Паунов.

DSC_0128