Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

М-р Биљана Митева е избрана за претседател на Македонско-Бугарската стопанска комора

PFZ_8206

По завршувањето два успешни мандата, исполнети со многу проекти, средби, бизнис-форуми и голем број средби на стопанственици од Македонија и од Бугарија, заминува досегашниот претседател Кирил Лазаров и на негово место е избрана м-р Биљана Митева. Исто така, избран е и нов Управен одбор.

PFZ_8206

Кирил Лазаров во своето обраќање рече: За мене е најзначајно МБСК да продолжи да нуди предлози и решенија кои се во интерес на двете држави, во интерес на економијата и бизнисот. Јас минатите години делував согласно овие постулати и понудивме решенија и политики кои се базираа на инвестициски, инфраструктурни и енергетски проекти. Секогаш сметав дека најлесен пат за надминување на сите проблеми и зближување е економијата.

Од комората нагласија дека фокусот на активностите, како и до сега ќе биде на подобрување на деловната соработка помеѓу двете држави. Натаму, продолжување и унапредување на деловната соработка помеѓу двете држави преку споделување на знаење и остварување на заеднички цели со цел создавање на подобра бизнис клима и минимизирање на политиката во бизнисот.

мабуко

Бизнис секторот покажа одличен потенцијал за соработка кој може да се утврди од фактот за трговската размена помеѓу Северна Македонија и Бугарија за 2022 година кој изнесува околу една милијарда евра, што претставува зголемување од 200 милиони евра во однос на претходната година. Целосното интегрирање на Северна Македонија во пазарот во Европската Унија, може да се исполни само преку продолжување и унапредување на деловната соработка, ослободена од административни бариери.

Пристапувањето на нови членки од различни дејности во Комората претставува потенцијал за нови бизнис практики во двете држави.

Во наредниот период се најавени повеќе активности за понатамошен развој на комората; Б2Б настани; Промоција на инвестиции; Образовни програми; Дигитална трансформација; Вклучување тинктенкови итн.

Tags: , , ,