Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Османи и Милков го отворија македонско-бугарски бизнис форум

мкд бг

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, а со поддршка на Македонско-бугарската стопанска комора и Стопанската комора на Северна Македонија, денес во Скопје се одржа Бизнис форум, на тема „До една милијарда и понатаму“.

мкд бг

На настанот беа организирани и панел дискусии каде активно учествуваа претставници од стопанските комори, од ресорните институции и бизнис заедницата на двете држави, со присуство на повеќе од 150 компании, а се дискутираше за теми од сферата на енергетиката, инфраструктурата, земјоделството, туризмот, ИТ и индустрискиот развој.

0-02-05-7ccdafa4a5e0b15b03f9ca9d20e84c09011f45eaeb34034896cf4d9d1fd8aafd_dfe2ae93f026eb03

Во рамките на бизнис форумот беа потпишани и четири договори за соработка меѓу компании од двете земји, вредни над три милиони евра. По завршувањето на панел дискусиите македонските стопанственици имаа можност да остварат директни средби со претставниците од бугарските компании.

0-02-05-f0c6c979f101515c6e61c5ccb2a196054fd0ea9fc4a8174c64287d0ef493c424_436fd2a4dc2985a9

Tags: , , , ,