Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Потпишан Меморандум за соработка со Скопски плански Регион

ø;

Скопје и Софија се најблиските метрополи на Балканот, но и 25 години на постранзиција се со единствената незавршена делница од Коридорот 8, а патната инфраструктура и натаму е на ниво на балканска калдрма. Бизнис заедниците од двете земји ги поттикнуваат централните власти и инвеститорите да му дадат приритет на овој крупен инвестициски, бизнис и политички проект на добрососедската политика.Скопје и Софија ги засилуваат економските односи преку поврзување на бизнис секторот со претставниците од двете општини. Ова е официјализирано со потпишување Меморандум за соработка меѓу Македонско-бугарската стопанска комора и Скопскиот плански регион.

„Се отвораат вратите за соработка на бизнисот и локалната самоуправа која е репрезент на новото време на европските движења. Процесот ќе има двостран бенефит, преку обезбедување нови инвестиции општините можат да го подобрат стандардот на своите жители, а компаниите ќе остварат поголем профит пред се преку користење на парите од европските фондови“, рече претседателот на комората Зоре Темелковски.

„Развојот на Европа базира токму на регионалниот развој. Во оваа насока Македонија ги прави првите чекори, затоа локалните власти имаат се поголема улога во развојот на економијата. Општините во соработка со Владата прават се што можат за привлекување повеќе инвеститори во градовите и регионите“  изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски по потпишувањето.

Тој истакна дека се отвораат вратите за соработка на бизнисот и локалната самоуправа која е репрезент на новото време на европските движења. Процесот ќе има двостран бенефит, преку обезбедување нови инвестиции општините можат да го подобрат стандардот на своите жители, а компаниите ќе остварат поголем профит пред се преку користење на парите од европските фондови.

Со меморандумот праќаме порака и даваме импулс до сите општини од Бугарија и Скопскиот плански регион да ја интензивираат соработката. Со тоа стопанските субјекти ќе имаат отворени врати за инвестирање, нагласи Митревски.