Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Презентација на 59-то издание на Меѓународниот саем за инженерство индустрија, кој ќе се одржи во градот Брно

IMG_3832

На покана од г-дин Цветан Симеонов, претседателот на БТПП, Македонско-Бугарската стопанска комора, со свој претставник,  Раководителот на фабриката АДИНГ во Бугарија, г-дин Цветомир Ценов, присуствуваше на  Презентацијата на 59-то издание на Меѓународниот саем за инженерство, кој ќе се одржи во градот Брно, втор по големина град во Република Чешка, во периодот  од  9-13 октомври 2017 година.

Настанот беше отворен од страна на г-дин Цветан Симеонов и Н.Пр. амбасадор Душан Щраух, на Чешката Република во Република Бугарија. Г-дин Симеонов ги поздрави учесниците во презентацијата, истакнувајќи дека промовирањето и учеството на меѓународни саеми е важен елемент од економската соработка, особено за повеќе растечката потреба и отворени се можности бугарските компании да излезат надвор од внатрешниот пазар на Бугарија.

IMG_3837-1

Н.Пр.амбасадор Щраух ги поздрави учесниците во Презентацијата ,нагласувајќи дека Меѓународниот саем носи корист за сите изложувачи, како и за заздравувањето на односите во економската и трговската соработка меѓу Бугарија и Чешка, чија стокова размена – веќе надминува 1 милијарда евра . Како добар пример во таа насока Амбасадорот го посочи и учеството на Чешки бизниси на Пловдивскиот саем.

Од страна на организаторите на “Саеми Брно” АД присуствуваа и г-ѓа Наталие Раева, претставник на компанијата за Бугарија  и инж. Јиржи Роусек, директор на проектот, кој ја подготви и претстави презентација за овогодинешното издание на Меѓународниот саем за инженерство.

Меѓународниот саем за инженерство(MSV) е водечки индустриски саем во Централна Европа со годишно  учество кое достигнува повеќе од 1500 излагачи и 75.000 посетители од 59 земји во светот. Повеќе од една третина од изложувачите се странски компании. Акцентот на овогодинешното издание е индустриската автоматизација, во секторите се предвидува и вклучување на енергетиката и технологијата.

Сите заинтересирани компании за учество, можат да ги поднесат своите пријави до 30 април 2017 година. Повеќе информации за саемот може да погледнете  на официјалниот сајт – http://www.bvv.cz/en/msv/.