Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Специјал

specijal

СПЕЦИЈАЛ е пекарско – слаткарска фирма со 25 годишна традиција и искуство во овој сегмент од приватниот бизнис. Ангажирани се 200 вработени со соодветни квалитети кои им овозможуваат навремено и квалитетно да ја завршат работата притоа почитувајќи ги соодветните зададени задачи. Со цел производите навремено и квалитетно да се произведат и достават до потрошувачите работата е професионално организирана во сите сегменти.  Производството се изведува во седум пекари со обезбеден магацински простор каде соодветно обучени работници ги произведуваат производите притоа користејќи современи машини и опрема.    Фирмата соработува со повеќе деловни партнери кои ги снабдува со лепеза на производи. Сите производи соодветно се пакуваат во зависност од производот кои потоа со сопствен возен парк се дистрибуираат до потрошувачите. Веруваме дека квалитетот на нашите производи е резултат на комбинација од традиција и користење на современи технолошки процеси. Со цел да се биде во чекор со најновите достигнувања во пекарскиот бизнис се инвестира не само во техничко-технолошките аспекти од работењето туку и во обучување на работниот кадар преку посета на семинари и секаков вид на методи за нивно работно и стручно издигнување.    Разновидниот асортиман се состои од повеќе од 200 производи направени од рацете на луѓе кои со својата професионалност, талент и преданост придонесуваат да Специјал добие препознатливост, “brand name”, синоним за квалитет, а довербата што ја добиваме од потрошувачите е показател дека Специјал добива примат на омилено место каде може да се ужива во вкусовите на нови егзотични пекарски и слаткарски изненадувања.  Нашата бизнис соработка со деловни партнери од Хрватска, Италија, Грција е доказ за нашиот сериозен и крајно професионален пристап во работењето. Наша цел е да создадеме бренд кој на секое поле би бил компатибилен со европските стандарди и принципи. Наша интенција е да бидеме окарактеризирани како една од ретките македонски фирми која може да се пофали со свој уникатен производ кој со своите специфичност.