Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Ванчо Чифлиганец

cifliganec

Како човек и стопанственик, кој минал низ многу искушенија во работата и животот, д-р Чифлиганец осознава дека тајната на животната победа не е секогаш и само во материјалното, туку итоа како во духовноста, бидејќи преку духовното,  нашите дела стануваат вистински, благородни, праведни, човечки. Дури  и тогаш, ако духовното ни е прозорец кон материјалното, или сме ставиле материјално во духовното, само колку да го збогатиме славењето на Бога. Водени од духовноста, а правејќи добри дела за народот и световното добива поубав сјај. Мотото на д-р Ванчо Чифлиганец е дека она што сме го создале во животот треба да го споделиме со другите, да им подариме дел од нас, од нашите плодови и успеси  на оние на кои им е најпотребна помош, внимание, здравје и  љубов.

Така сите ќе се сплотиме, создавајќи не само материјални, туку и духовни дела, како вистинска заедничка вредност и патоказ во животот и ќе докажеме и потврдиме дека Македонија е навистина библиска земја.

Не заборавајќи дека и самиот го има почувствувано благодетот на солидарноста и помагањето на општеството да се изгради како образована личност, професионалец и пред сè како човек, д-р Ванчо Чифлиганец со децении наназад, како поединец и преку работната позиција, континуирано ги помага другите и вложува во развојот на пошироката заедница. Оваа традиција прерасна во препознатлив код на етичкото бизнис однесување на д-р Чифлиганец и  градежната компанија Адора инженеринг, со што корпоративната општествена одговорност и филантропијата станаа суштествен препознатлив дел на имиџот на овој бизнсимен и неговата компанија, што остава видливи траги за сегашните и идните генерации.

Мислата-водилка дека еден човек или една компанија  никогаш не постојат само за себе и за своето опкружување, ја поттикна идејата во секоја општина каде што Адора инженеринг гради станбено-деловни објекти, д-р Чифлиганец да вложува во проекти и да остварува дела, вредни донации и проекти кои им овозможуваат поквалитетен, поубав и поздрав живот на граѓаните. Така се создадоа двете саат кули кои го мерат времето во Скопски Ѓорче Петров и Струмица, се изгради фонтаната Македонија што го разубави стариот парк во Кисела Вода, Скопје, се помагаат вработените и граѓаните, за поквалитетна работа, подобро образование и посреќен живот, се чува и оплеменува животната средина како наш единствен дом, се поддржува науката, спортот, културата и уметноста, се вградуваат камчиња во мозаикот за подобро утре, за попросперитетна иднина, наша и на Македонија.

Филантропскиот дух на д-р Ванчо Чифлиганец, заокружувајќи шест децении на неговиот живот, стави ктиторски печат на две значајни донации, православниот храм Свети Јован Крстител изграден во општина Аеродром, Скопје и спомен-обележјето Богојавление-Водици, подигнато на брегот на Охридското Езеро во Охрид. Така универзалните животни пораки на овој потврден хуманист се шират низ Македонија и светот, множејќи се како вознес преку убавите чувства, доживувања и спомени на луѓето, плетејќи приказна за еден човек, неговиот живот и работа, како мотив, поттик и движечка енергија за градење нови успешни приказни, вредни за нашето постоење.