Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Витаминка

vitaminka

Oснована уште во далечната 1956 година, „Витаминка“ е една од најстарите фабрики во Македонија.  Од основањето па се до 1974 година, „Витаминка“ работи само со еден производен асортиман, мелен црвен пипер, што беше доволно за цели 18 години да работи успешно. Потребата од поголем производствен капацитет, што се наметнуваше сите години дотогаш, се остварува во 1975 година, кога следи проширување на производниот асортиман, а со самото тоа и почнува континуираниот развој на фабриката, што не запира ни денес. Прилепска „Витаминка“ од фабрика за производство на мелен црвен пипер, прерасна во компанија лидер во прехранбената индустрија на македонскиот пазар, но и со се поголемо присуство на странските пазари, каде што моментално пласира околу 45% од своето годишно производство во околу 30 земји во светот. Со процес успешно завршен уште во 1999 година, „Витаминка“ е целосно приватизирана компанија.

Шеесет години подоцна, „Витаминка“ има 14 производни линии во сегментот чоколада, чаеви, супи, прашкасти производи, зачини, кекси, кафе, пелети итн., како и околу 400 асортимани на производи.

Вработените претставуваат главен ресурс и двигател на работењето на „Витаминка“. Компанијата моментално има повеќе од 600 вработени, од кои поголемиот дел работат во Техничкиот сектор и се директно поврзани со производство. Во компанијата работи високо обучен и квалитетен кадар кој постојано се дообразува, па се зголемува бројот на највисоко образовани кадри кои со својата компетентност и знаење ќе придонесат за зацврстување на успешната бизнис приказна, наречена „Витаминка“. Родовата, етничката и старосната структура на вработените во „Витаминка“ укажуваат на тоа дека компанијата не прави дискриминација на вработените по ниту една основа. „Витаминка“ ги мотивира, едуцира и обучува вработените, грижејќи се за нивното здравје и безбедноста на работното место.

Во 2014 година како резултат на стратегијата да се оди чекор понапред во создавањето на производи со совршен квалитет, „Витаминка“ ја унапреди својата линијата за производство на чоколадо и чоколадирани производи, со инсталирање на нова опрема. Новите машини за производство на чоколадо и чоколадирани производи се од швајцарскиот бренд БИЛЕР. Машините го подобруваат квалитет на чоколадата и затоа се користат од страна на сите швајцарски производители на чоколада. Со набавувањето на оваа технологија „Витаминка“ стана единствената компанијата во Македонија која произведува висококвалитетно чоколадо. Користењето на висококвалитетни состојки за производство на чоколадите, „Витаминка“ го надополнува со овие машини кои важат за задолжителна опрема во индустријата. Со оваа инвестиција, компанијата дополнителни го забрзува производниот процес со што придонесува до зголемува на капацитетот на производството за три пати.

Почнувајќи од слоганот „Свет на вкусови“, „Витаминка“ во сите овие 6 децении разви уште неколку карактеристики што ја зголемуваат нејзината вредност. Пред сé, „Витаминка“ светот на вкусови, стана и свет на беспрекорен и потврден квалитет.  „Витаминка“ со сите свои производи, со целата колоритност на својата палета зазема еден голем дел од македонскиот прехранбен пазар.

389 48 407-407

389 48 407-407

contact@vitaminka.com.mk

vitaminka.com.mk