Членки

adora Награда најдобар проект на годината од REALEXPO 2016 за АДОРА FLATIRON Скопје
kristalno zvono Алкалоид АД Скопје – Добитник на две награди во рамките на „годишната конференција на македонска берза АД Скопје“
ading Групација Адинг на Саем на градежништво 2016
Advokatska-kancelarija-Tosic-i-Jevtic1 САМОУВЕРЕНО ДО ЦЕЛТА: Постојаното надградување е клучот за да се издвоите на пазарот — адвокатска канцеларија „Тошиќ & Јевтиќ“
adora АДОРА Инженеринг ја одбележа 13 годишнината на компанијата

Започна со редовна работа Рудникот „Тораница“ во Крива Паланка

20161204_122349

На 03.12.2016 повторно почнува со работа, рудникот за олово и цинк „Тораница“ од Крива Паланка .Рестартирањето на рударскиот капацитет беше одбележано  со симболичен настан во Големата сала во општината на Крива Паланка, во соработка со новиот концесионер, бугарската компанија „Минстрој“од Р.Бугарија и “Булмак 2016” oд Р.Македонија .

За рестартирањето „Минстрој“ во Македонија ја основаше фирмата „Булмак 2016“ која е член на Управниот Одбор на Македонско-Бугарската стопанска комора.

20161204_121827

Оваа компанија ја доби дозволата за експлоатација на олово и цинк од Рудниците “Тораница” во Крива Паланка и “Злетово” во Пробиштип. Kонцесијата изнесува два милиони евра, а најавени се вработувања на 1.000 лица во двата рудника и инвестиција од 20 милиони евра..

На настанот присуствуваа голем број на владини претставници и дипломати од двете земји.

Кога првпат дојдовме во „Тораница“ наидовме на рушевина. Денес, пет месеци подоцна, можам да кажам дека ангажираните 210 лица направија напори рудникот да биде подготвен за работа. Ние вложивме многу, инвестиравме во нови машини, нови технологии и очекуваме уште механизација да пристигне до март 2017, кога рудникот ќе остварува полн капацитет  на работење, изјави Проф. дтн. Инж. Николај Влканов, Претседател на Борд на Директори на „Минстрој Холдинг“ А.Д.

Тој истакна дека луѓето се најценет капитал на една фирма, а не машините и дека платата и правото на надомест кои ги заработиле се неприкосновени.

– Платите се редовни, навремени, и тоа е основна политика на компанијата.

20161204_115907

Во моментов во двата рудника, работат околу 500 вработени, а наскоро се очекува да започнат да работат со полн капацитет, при што бројот на директни вработувања ќе достигне над 900. Покрај редовно вработените, има и индиректни вработувања кои се поврзани со работата на рудникот.

 Моментално компанијата „Булмак 2016“ врши ископ на руда во двата рудника – „Злетово“ и „Тораница“, како и преработка на истата во руден концентрат во двете флотациони фабрики.

Претседателот на Македонско-Бугарската стопанска комора г-дин Зоре Темелковски, во име на бизнис заедницата изрази голема благодарност, а вооедно и му врачи плакета на господин Николај Влканов за “Најдобар Инвеститор  2016 година”  во Р.Македонија.

Милјардата на размена помеѓу двете држави е остварена и реализирана.

20161204_153807