Како да станам член?
ЗОШТО да члeнувам во МБСК?
Мисија
Македонско Бугарската Стопанска Комора е невладина и непрофитна стопанска интересна заедница фомирана во 2011 година. Главните приоритети на Комората се унапредување на економските релации помеѓу компаниите од двете земји и поврзување на заедничките интереси на своите членови, промовирање и унапредување на бизнисот на компаниите. Kомората ги потпомага, промовира, претставува и ги брани стопанските интереси на своите членови, обезбедувјќи им различни услуги.
Визија
МБСК се базира на принципите на доброволно членство, автономија и самофинансирање и се стреми да воспостави етички односи во бизнисот. Приоритети во нејзиното работење се: одржлив економски раст, работа со европските фондови, намалување на регулаторните режими за постигнување на подобри услови за бизнис во земјата, конструктивен дијалог со Владата и локалните органи на управување, постојан контакт со фирмите,помага во пронаоѓање на деловни партнери,обезбедува информации за извори на финансирање и се залага за развој и поддршка на малите и средни претпријатија.
Членство во МБСК
Во МБСК членуваат повеќе од 100 компании. Услугите на комората се обезбедени на територијата на целата земја.
Членовите на Комората имаат предност во добивање на услуги обезбедени од МБСК, учествуваат во организирани настани, настапи на саеми, добиваат информации за активностите, учествуваат и иницираат за дискусија и прашања кои влијаат на активностите и нивните интереси и др.
Комората добива стотици барања за соработка од компании и поединци од Македонија и странство,предност имаат компаниите членки на Комората. Вашето портфолио ни помага соодветно да Ве препорачаме.
Членовите на УО и НО на МБСК учествуваат и во Генералното собрание на Комората, во управувањето и во спроведувањето на програмата.
Предности од членството во МБСК:
1. Пристапување кон заедницата на активните претприемачи
2. Пристап до сите авторитетни меѓународни организации во кои членува МБСК
3. Воспоставување на нови партнерски односи преку учество во меѓународни состаноци, тркалезни маси, делегации и др
4. Реклама на производите и услугите на Вашата компанија
5. Учество во проекти и проектни активности, реализирани од нас
6. Зголемување на знаењата и вештините преку учество на семинари, обуки и друго
7. Помош за учество на саеми и изложби дома и во странство
Доколку имате потреба од нас – Добредојдовте!
За дополнителни информации:
Лиле Тодоровска,деловен асистент
тел: 00389 78 310 474
е-маил: lile.todorovska@mbcham.org